По премиерата на претставата “Бегалка“ по текст на Васил Иљоски, во адаптација и режија на Александар Малинков и во изведба на Театарот при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ од Кавадарци, истата е на редовен репертоар на домот на култура.
Голем интерес владее во Кавадарци за претставата од страна на љубителите на театарската уметност. По Премирата на 28 јануари, веќе се одиграни две репризи пред преполн салон на матичната сцена и за наредната недела се закажани дури три изведби на “Бегалка“ – понеделник, 10 февруари (19.30 час.), четврток, 13 февруари (19.30 час.) и сабота, 15 февруари (20 час.).
Темпото на играње на претставата и натаму ќе продолжи со несмален интензитет, а веќе се договараат термините за гостување на повеќе сцени низ Македонија.
За потсетување, во претставата играат повеќе генерации на кавадаречки актери – аматери, предводени од доајенот на кавадаречкиот Театар – Александар Малинков и тоа: Душица Настова, Диме Боцев, Љупчо Настов, Милица Гочевска, Никола Деков, Коле Колев, Зорица Ташева, Снежана Карова, Валентина Ѓорѓиева, Елизабета Златева, Видан Станоев, Бранко Најдов, Диме Коцевски, Љупче Шошев, Александар Малинков, Зоран Станоев и Даниел Уневски. Уметничката подршка (избор на музика, светло, плакат, сценски елементи) е на Марјан Тодоровски и Билјана Соколова.