Студентите од Катедрата за етнокореологија на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот Гоце Делчев од Штип заминуваат на концертна турнеја низ Јапонија. Покрај студентите се вклучени и дел од учениците од насоката за традиционална музика и игра при ДМБУЦ Илија Николовски-Луј од Скопје. Пред нивното заминување, тие денеска (понеделник, 4 февруари, 2013) во 10:00 часот, тие ќе бидат примени од министерката за Култура Елизабета Kанческа Милевска.
До 21-ви идниот месец студентите и учениците ќе одржат 30 концерти на кои ќе биде презентирана македонска традиција.
Овие млади мултифункционални уметници, исполнители на народни инструменти, играорци и пејачи ќе ги претстават минатото, духовната култура, генетскиот код на нашиот народ. Без каква било стилизирана форма, предвидени се колажи од традицијата на Македонците, Власите, Албанците, Ромите и Турците Јуруци. Покрај соборски ора, прикажани ќе бидат и обредните игри меѓу кои Лазарице од село Луке и Џамаларите од скопска Блатија. На репертоарот се и песните на Македонците муслимани од етничките предели Струшки Дримкол и Гора. Сегмент од севкупниот мозаик претставуваат и оригиналните облековни елементи – носиите, кои датираат од крајот на 19. и почетокот на 20. век
Пред заминувањето за Јапонија, тие денеска ќе бидат примени од министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.