Културно-сценската манифестација „Кривопаланечко културно лето 2012 година“ во рамки на Топол културен бран, завршува со 4-от Меѓународен театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски 2012 година“.
Љубителите на театарот ќе имаат можност да проследат осум театарски остварувања од Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Македонија до 22 септември годинава, до кога ќе трае и Фестивалот.
Чест да го отворат театарскиот фестивал имаа културниот центар „Акорд“ од Никшиќ, Република Црна Гора со театарската претстава „Уморни“ во режија на Светозар Бајовиќ.
Покровител и организатор на 4-от Меѓународен театарски фестивал е општина Крива Паланка со поддршка на Министерството за култура и Националната установа – Центар за култура од Крива Паланка.