Во Гевгелија презентиран проектот „,КвадАРТура“ од страна на членови на здружението „Мултимедија“ …
Девет гевгелиски уметници, членови на здружението „Мултимедија“ синоќа со перформансот наречен „КвадАРТура“ го дадоа својот придонес во рамки на манифестацијата „Гевгелиско културно лето 2014“.
Презентацијата на проектот мина со изведба на перформери кои во исто време и на исто место се работеа на индивидуален простор во облик на квадрат кој, споен со останатите повторно формираше квадрат во целина.
– Карактеристично за човекот на денешницата е заситеноста од информации преку слика и звук кои му се сервираат секојдневно преку мас медиумите пропагирајќи неесенцијални информации со толку голема брзина што човек кој сака да биде информиран просто ги голта без да го промисли нивното значење, изјавија организаторите, нагласувајќи дека поради тоа, целта на перформансот е да разголи една реална слика на авторот која секогаш е скриена од очите на другите како подготовка за некој настан, создавање на дело или ситуација.
Вториот дел од проектот ќе се реализира во октомври како мултимедијална изложба во галериски простор со цела документација што беше направена за време на перформансот „КвадАРТура“.