Изложба на Драган Најденоски во Прилеп

Денеска (петок, 1 август 2014) во 20:00 часот во галеријата од Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложба на дела “Предели” од битолскиот уметник Драган Најденоски. Изложбата е во рамките на Прилепското културно лето.

dragan_najdenoski1

За авторот:
Драган Најденовски е самостоен ликовен уметник, учесник на повеќе групни изложби низ земјата и странство, на меѓународни манифестации на графика, како и на ликовни колонии. Добитник е на повеќе награди и признанија.
Самостојно имал изложби во Битола, Сараево – БиХ, Прилеп, Скопје, Кавадарци, Пазарџик – Бугарија, Неготино, Скопје…

За творештвото на Најденовски – Роберт Цветковски – историчар на уметност
Драган Најденовски е ликовен автор со солиден излагачки багаж ( 25 самостојни претставувања) со учество на повеќе групни проекти и ликовни колонии. Контактите со другите уметници и нивните дела несомнено извршиле влијание врз сликарската визија, но, секако , тука се и архетипските слики коишто секој сликар интуитивно ги вградува во своите дела. Со антиципираните панорамски сцени од битолскиот регион во потсвеста на овој автор, и несомнено , сликарскиот талент што тој го поседува, пределите се чинат како логичен избор. Но, ако се обидеме делата (пределите) сликарски да ги анализираме од повеќе аспекти и тоа како форма: од аспект на композиција и настојување на уметникот да воспостави определена хармонија меѓу елементите на сликата – полихромни геометрски површини и минималистички стилизирани и осветлени растенија(дрва, свеќиња, вегетација) или како содржина: од аспект на сликарство со чиста архетипска духовност и експресија настаната како одраз на уметничкото внатрешно доживување, ќе се соочиме со една сложена процедура којашто ирационалниот творечки процес нема во потполност да го објасни со рационални анализи. Несомнено овој вид на сликарство, во поширока смисла, може да се разбере како асоцијативна експресија на бојата…. Ваквиот концепт е плод на еден повеќегодишен период поврзувајќи ги и другите творби.

dragan_najdenoski2

You May Also Like