Утре започнува првиот фестивал за балканска проза

Петмина реномирани балкански писатели ќе бидат гости на првиот фестивал на балканската проза „Про-3а Балкан“ што од 4  до 6 март се одржува во Скопје.

 

Владислав Бајац од Србија, Миленко Јерговиќ од Хрватска, Андреј Блатник од Словенија, Алек Попов од Бугарија и Андреј Николаидис од Црна Гора се први учесници на првиот фестивал на прозата во Македонија, чија цел е да ја промовира балканската книжевност, вмрежување на автори и издавачи од регионот и создавање платформа за подобра идна соработка. Учесниците ќе бидат претставени на свеченото отворање утре во кино „Фросина“.

Фестивалот ќе додели и награда за развој ан балканстака книжевнсот „Прозарт“, а прв добитник е Владислав Бајац.

Организатор на фестивалот е издавачката куќа „Икона“.

You May Also Like