Првиот академски час на УКИМ

Денеска (15 септември, понеделник) на факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје доаѓа уште една генерација студенти, со што се означува почетокот на новата академска 2014/2015 година.

ekonomski_fakultet_ukim

 

Ректорот на УКИМ проф. д-р Велимир Стојковски денеска (недела) ќе присуствува на првиот академски час на студентите на Православниот богословски факултет, кој ќе се одржи во манастирот „Св. Јован Крстител“ (Капиштец) во 9, 00 часот.

На 15. 09. 2014 г. (понеделник), ректорот проф. д-р Велимир Стојковски ќе присуствува на првиот академски час на студентите на Економскиот факултет, кој ќе се одржи во аулата на Факултетот, со почеток во 11, 00 часот. Обраќајќи им се на студентите на Економскиот факултет, ректорот Велимир Стојковски, симболично со порака ќе им се обрати на новозапишаните студенти на сите факултети на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

You May Also Like