По повод Денот на Светите Кирил и Методиј, како гости на Друштвото на писателите на Србија, од 23-25 мај во Белград ќе престојуваат македонските писатели Христо Петрески, Мирче Нешовски и Борче Панов.
Тие ќе имаат повеќе настапи во Белград, Панчево и Јабука, а главниот настан и настап ќе се одржи на 24 мај по повод Денот на светите Кирил и Методиј, кој ќе се одржи како чевствување во Друштвото на писателите на Србија, во соработка со Здруженијата на Македонците кои живеат и работат во Србија.
На оваа традиционална меѓународна манифестација, покрај српските и македонските писатели, ќе земат учество и повеќе други истакнати писатели од странство.