Министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска на утре (четврток, 8 септември 2011 година) со почеток во 13:30 часот, во свечената сала на Македонската академија на науките и уметностите, ќе се обрати на промоцијата на едицијата „130 тома македонска книжевност на англиски јазик”.
Реализацијата на овој значаен капитален потфат претставува надоврзување на проектот „130 тома македонска книжевност“ кој како репрезентативен избор на македонско литературно творештво се публикуваше во 2009 година.
Проектот, кој ги прикажа нашите високи и неоспорни книжевни вредности, денес е составен дел од библиотеките, научните и образовните установи во земјава.
Промоцијата на едицијата е дел од програмата за одбележување на 20 години независна и суверена Република Македонија.