Нов проект на ДКЦ „Карпош“ и Универзална сала

Утре (среда, 31 август 2011 година) во 11:00 часот, во просториите на Детскиот културен центар „Карпош“, ќе се одржи прес конференција, на којашто ќе бидат објавени деталите околу реализацијата на најновиот проект на ДКЦ „Карпош“ и Универзална сала, насловен како „Весел плоштад, еден час пред стемнување“.

Проектот е поддржан од Град Скопје и има за цел да го заживее просторот на Плоштадот Македонија, со музика, фолклор и други активности наменети за децата, младината и граѓаните на Скопје. Проектот симболично ќе стартува на на првиот училишен ден, на 1 септември 2011 година, а програмата ќе се одржува секој петок и сабота во месецот од 18:00 до 19:00 часот.

На прес-конференцијата ќе говорат директорката на ДКЦ „Карпош“, Ружа Ѓорѓеска и Вера Бошковска, директорка на ЈУ Универзална сала-Скопје.

You May Also Like