Утре (петок, 9 септември 2011 година), Министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска, во 13:00 часот во Музејот на Македонија, заедно со Јасен Месиќ, министер за култура на Република Хрватска ќе ја отворат изложбата „Хрватското нематеријално културно наследство на списокот на УНЕСКО“, на авторката Ирис Бискупиќ-Башиќ од Етнографскиот Музеј во Загреб.
На изложбата се презентирани различни обичаи, процесии, занаети кои ги поседува Република Хрватска, а кои се дел од светската листа на заштитени богатства на УНЕСКО.