Во еко акцијата спроведена од Пакомак во соработка со Општина Гази Баба, за собирање на ПЕТ пластичен амбалажен отпад, активно учество зедоа училиштата од територијата на општината.
Во ОУ „Крум Тошев“ како најуспешно училиште во оваа акција, организираа настан на кој присуствуваа претставници од Пакомак и Општината, на кој се доделуваа топки за најзаслужните одделенија во собирање на пластична амбалажа, со цел да се мотивираат и поттикнат во понатамошните активности.
Целта на проектот под мотото „Собираме амбалажа пластична, за околина чиста и фантастична“ е да се создадат здрави еколошки навики за почиста околина, да се создаде навика за селекција и рециклирање на отпадот и досега е одлично прифатен од учениците, родителите и наставниците.
За таа цел, Пакомак постави пластични контејнери и донираше апарати за течен сапун во сите училишта.
Поради успешната соработка од страна на Пакомак беа донирани и бели рози, кои на денот на пролетта беа засадени во училишните дворови.
Ученици од основното училиште „Крум Тошев“ за неполни 3 месеци собраа повеќе од 19,772 пластични шишиња за рециклирање, со што станаа и најуспешно училиште на ниво на општина Гази Баба.
