Неговата Светост Свами Џотирмаја доаѓа во Македонија

Во рамките на Третата светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог што ќе се одржи во Скопје, од 10-12.05.2013 по покана од Владата на РМ ќе присуствува Неговата Светост Чунгат Џоши или познатиот Свами Џотирмаја. Средбата со него е закажана за утре (петок, 10 мај), со почеток во 18:30 часот, во хотел Порта, Аеродром.

Роден e 1972 година во едно Православно христијанско семејство во Керала во јужна Индија. Тој патува постојано низ Светот во неговите напори да се изгради општество без стрес, насилство и да ја шири пораката на љубовта и мирот …  Животот го поминува во споделување на древни мудрост и знаење за животот, справување со секојдневни предизвици, ширење на љубов  и насмевки меѓу народите. Добредојден гостин е во повеќе од 40 земји во Европа, далечнинте, средни и југо-источни Азиски земји и т.н.

Влезот е слободен.

You May Also Like