Книга од Леонард Шулце Јена за Македонија

Друштвото за издавачка дејност „МАКЕДОНИКА литера“ од Скопје и Амбасадата на СР Германија во Скопје, организираат промоција на книгата „Македонија – предел и култура на живеење“ од Леонард Шулце Јена, во превод од германски јазик на Слободанка Поповска.Промоцијата ќе се одржи на 20.03.2011 (четврток), во 12,00 часот, во Германската читалница при НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

promocija_makedonija_lsulce_jena

За книгата ќе зборуваат: проф. д-р Волф Ошлис, славист и македонист од Германија, проф. д-р Зоран Тодоровски, г-ѓа Гудрун Штајнакер, амбасадорка на СР Германија во Македонија и Нове Цветаноски.

Оваа книга, која првпат е објавена во 1927 година, се смета за една од првите научни монографии за Македонија и сега првпат е преведена и публикувана на македонски јази во издание на „Македоника“. Книгата содржи близу 150 фотографии, графикони и карти, меѓу кои и голема карта на која, врз основа на своите истражувања, Леонард Шулце Јена ги утврдил границите на Македонија.

You May Also Like