Тековен репертоар на кино “Милениум”, почнувајќи од утре (петок 16 декември 2011 година):
Хомофобичен поранешен криминалец и воен ветеран се наоѓа во ситуација да соработува со геј активистите и да ја обезбедува првата Парадата на Гордоста во својата држава.
ПАРАДА е филм кој на траги-комичен начин раскажува приказна за постојаниот судир помеѓу двата света во денешно време на овие простори, помеѓу традиционалното и хомофобично мнозинство, наспроти либералното и модерно малцинство. Претставувајќи го невозможното пријателство меѓу Радмило и Лимун – Хомосексуалец и Хомофобик, a истовремено прикажувајќи го како метафора за возможна комуникација и разбирање помеѓу луѓето без разлика на нивната сексуална, верска и национална припадност.
Режија: Срѓан Драгојевиќ
Улоги: Никола Којо, Милош Самолов, Христина Поповиќ, Тони Михајловски
Проекции: 20:00 и 22:30 часот
АРТУР БОЖИЌ (97 мин.)
Артур Божиќ ни го открива досега не чуениот одговор на прашањето на секое дете ’Како дедо Мраз им носи поклони на сите деца во една вечер?’ Одговорот: Неверојатната, ултра модерна работилница на дедо Мраз скриена под Северниот пол. Но, приказната во филмот е за едно семејство кое е малку комично и на моменти дисфункционално, а од кое ќе се издигне херој кој никој не би го очекувал, Артур. Тој има итна и многу важна мисија која мора да биде завршена пред божиќното утро
Режија: Sarah Smith
Улоги: James McAvoy, Hugh Laurie, Jim Broadbent, Imelda Staunton, Eva Longoria
Проекции: понеделник/петок 17:30 часот
сабота/недела: 15:00 и 17:30 часот
АВАНТУРИТЕ НА ТИНТИН (107 мин.)
Во режија на Стивен Спилберг и продукција на Питер Џексон (Peter Jackson), ни доаѓа вистински авантуристички спектакал: „Авантурите на Тинтин“ снимен во дигитална 3Д технологија.
Комбинирајќи три приказни од истоимениот стрип на авторот Жорж Реми (Georges Remi) , дејствието на филмот се врти околу Тинтиновата прва средба со капетанот Хадок (Andy Serkins) и откритието на трагата што ќе ги одведе во вистинска авантура – потрагата на богатството на Тинтиновиот предок.
Во потрагата ќе им се придружат и двајца бегалци, како и детективите Томсон и Томсон…
Режија: Steven Spielberg
Улоги: Jamie Bell, Andy Serkis, Daniel Craig
Проекции: сабота/недела: 11:00 и 13:00 часот
Циклус Европски филм: ТИЛТ (94 мин.)
(Од понеделник 05.12.2011.)
Во почетокот на деведесетите години, четворица другари се обидуваат да заработат пари следејќи го својот сон да отворат бар кој ќе се нарекува “Tilt”. Една непланирана средба ќе ги спои Сташ и Беки во страсна љубовна врска. Неочекувано, пријателите ќе бидат фатени како дистрибуираат порнографски филмови.
Таткото на Беки, полковник во полиција, го зема случајот во свои раце и им се заканува со мерка затвор. Единствен начин да се избегне мерката затвор е Сташ и Беки да престанат да се гледаат. Групата одлучува да избега во мало германско село. Стануваат сиромашни емигранти кои ќе се најдат во многу апсурднии и смешни ситуации. Сташ упорно се обидува да ја придобие Беки, но, безуспешно. Четворицата пријатели одлучуваат да се вратат во Бугарија. Во меѓувреме, во Бугарија многу работи се промениле, меѓу кои и Беки…
Режија: Виктор Чучков
Улоги: Јавор Бахаров, Радина Карџилова, Ованес Торосијан
Проекции: понеделник-петок од 13:00 и 15:00 часот