Урнебесен стендап со Весна Бејби во Џубокс

По минатонеделниот распродаден настап на единствената дама на македонската stand up комедија, и оваа среда (31 октомври) во ноќниот клуб Џубокс stand up кабаре на Весна Петрушевска.

Не постои жешка тема што Весна Бејби нема да ја зграпчи за да ја запали публиката. Ѕирнете зад параванот на лажниот морал и насмејте на се на своја сметка, оваа среда Весна ќе го анализира секој циклус од сексуалниот живот на Македонците и ќе ја разголи вистината за секоја етапа од флертувањата до разводите. Убава прилика дамите да си разведрат една тмурна есенска вечер со сочни женски муабети, а господата да дојдат и да откријат на што (им) се смеат партнерките.

Незаменливата Весна Петрушевска подготви возбудливо кабаре што ќе ве насмее до солзи.
По стенд ап кабарето забавата во Џубокс, како и секоја среда, следува свирка на Eye Cue.

You May Also Like