Денот на крводарителите во Гази Баба

Општина Гази Баба со Општинската организација на Црвен крст „Гази Баба“ – Скопје, организираат прием за крводарителите од општината по повод 17 Март Денот на крводарителите и Ден на Црвениот крст на Република Македонија. Свеченоста ќе се денес (15 март, петок) со почеток во 12:00 часот во големата сала барака 8.

На приемот ќе бидат поделени благодарници на крводарителите кои дарувале 25, 50, 75 и 100 пати крв како и Благодарница за најдобра работна организација во организирање на крводарителски акции, за најдобра Високо-образовна институција на територијата на општина Гази Баба, за најдобро Средно училиште на територијата на општина Гази Баба, како и за најдобар организатор (мотиватор) за 2012 година.

На присутните со свој поздравен говор ќе им се обрати градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски и Проф.д-р Ромел Велев, од името на општинската организација на Црвен Крст Гази Баба Скопје.

You May Also Like