Жерар Депардје стана руски државјанин

Француската филмска ѕвезда Жерар Депардје, „бегајќи“ од високиот данок за богаташи во Франција, ја избра Русија, а пасоштот го доби на средба со претседателот Владимир Путин.

Путин имаше куса средба со Жерар Депардје при приватната посета на актерот на Русија. Депардје го доби рускиот пасош на црноморско одморалиште Сочи, каде што се сретнал со Путин, изјави порт-паролот на претседателот Дмитриј Песков.

Депардје неодамна се откажа од француското државјанство и се отсели во Белгија, во пограничното гратче Нешен. Неговата одлука да се пресели во Белгија беше донесена пред владата предводена од социјалистите да го зголеми на 75% проценти од годишната заработувачка за оние што заработуваат над 1.3 УСД. За споредба, во Русија постои фиксна даночна стапка од 13%.

You May Also Like