Наградите на посебна свеченост ги врачува градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, на 13 Ноември- Денот на ослободувањето на Скопје.
Одборот за доделување на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, денеска, по спроведеното тајно гласање, и официјално ги објави добитниците на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје за 2014 година. Тајното гласањето го спроведе Комисијата што ја именува Одборот, во следниот состав: претседател Санде Стојчевски и членови: Авни Халими и Петар Гичаровски.
Добитници на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, за 2014 година се:
Од областа на науката и здравствената заштита
ИЛИЈА ВЕЛЕВ
АФРИМ ОСМАНИ
Од областа на образованието и воспитувањето
ЃУЛУМСЕР КАСАПИ
Од областа на културата и публицистиката
СИМОН БЕЛИЧАНЕЦ
СТОЈАН ТАРАПУЗА
Од областа на уметноста
СЛАВИЦА ПЕРТОВСКА ГАЛИЌ
ДЕЈАН ПРОЈКОВСКИ
Од областа на спортот
БРАНИСЛАВ ДАВИТКОВСКИ
Ученици и студенти
МАЈА БОШКОВСКА
ВЕЈЧЕСЛАВ ПОПОВСКИ
Наградата „13 Ноември на Град Скопје се доделува на физички и правни лица како знак на признание на Градот Скопје за остварувања, во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот и физичка култура, техничката култура, заштита и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на градот Скопје и за неговиот севкупен напредок и афирмација во Република Македонија и во светот. Наградата може да се додели и на физички и правни лица од други држави кои оствариле посебен придонес за Градот.
Исто така, Наградата се доделува и на ученици и студенти за творечки труд или континуирани успешни постигнувања во наставните и во воннаставните активности што претставуваат посебен придонес за напредок и афирмација на Градот Скопје.