Промоција на „Вистинска приказна …“ од Билјана Станковска

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје, денеска (среда 31, октомври) ќе биде промовирана книгата за деца „Вистинска приказна за исчезнувањето на приказните“ од Билјана Станковска.

Станковска за оваа книга е добитник на наградата „Ванчо Николески на ДПМ” за 2011 година.

Промотор ќе биде Санде Стојчевски. Актерска интерпретација на фрагменти од „Вистинска приказна за исчезнувањето на приказните“ ќе има Томе Витанов.

You May Also Like