Уметничко лизгање во СЦ Борис Трајковски

Вчера (сабота, 28 Април 2012) на лизгалиштето во Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ можеше да се проследи нешто навистина интересно. Во изминатиот период школото за уметничко лизгање ИПСИЛОН го посетија околу 200 дечиња. Денесната манифестација ја посветуваме на нив. Оваа претстава се организираме за прв пат во Република Македонија, со цел да се покажат убавините на овој спорт.

Уметничкото лизгање како спорт се воведе за прв пат кај нас и резултираше со огромен интерес.

Вчера на лизгалиштето имаше 4 групи кои ни се претсавија со:
Првата група се деца на возраст од 5-10 години и воедно идните натпреварувачи во овој спорт кои солидно ги совладаа основните чекори на лизгањето. Се претставија со композиција на Чајковски-Лебедово езеро со точката МАЛИ ЛЕБЕДИ.

Втора група (4 девојки ) ја изведоа точката Валцер која содржи посложени елементи на уметничкото лизгање. Третата група се најмладите членови на школата и се на возраст од 4-7 години и го изведоа танцот на лебедите.

За крај следеше модерен танц на лизгалки на групата која е на возраст од 10-18 години. Настанот траеше 45 минути истиот  беше посетен од 200 посетители. За кореографиите, и изгледот на децата се погрижи Славица Огненовска, балерина од националниот театар на РМ. Овој спорт кај нас за прв пат се воведе во 2011 година.

You May Also Like