Публиката ќе има можност да го гледа филмот „Одмазда на женски начин“ (The Other Woman) на големото платно од 24 април. Студиото „Twentieth Century Fox“ собра одлична женска постава, а филмот во Македонија ќе се прикажува во Синеплекс, 3д кино Битола и 3 д кино Кавадарци.
Три карактерно различни жени имаат само една заедничка работа во животот – истовремено ги изиграл ист маж. Повеќе не е важно која ќе биде со него, туку како да му се одмаздат! Одмаздата на „женски начин“ ги доведува во низа комични ситуации. Откако дознала дека дечко и’ е оженет, главниот женски лик (Камерон Дијаз) се обидува да го среди својот разнишан живот и да се врати на „вистинскиот пат“. Меѓутоа, кога случајно ќе ја запознае неговата жена (Лесли Ман) согледува дека двете имаат многу заеднички нешта. Набрзо, смртните непријатели стануваат неразделни и добри пријателки. Откако ќе откријат уште една љубовница (Кејт Аптон), трите жени ги здружуваат силите и смислуваат заедничка одмазда.
Главните улоги во филмот „Одмазда на женски начин“ ги толкуваат Камерон Дијаз (Cameron Diaz), Кејт Аптон (Kate Upton) и Лесли Ман (Leslie Mann). Главниот машки лик е згодниот Николај Костер-Валдоу (Nikolaj Coster-Waldau), кој и’ е познат на пошироката јавност по улогата на Џејми Ланистер во култната серија „Игра на тронови“.
Во филмот се појавуваат американската рап ѕвезда и актерка Ники Минаж (Nicki Minaj) и младата машка ѕвезда во подем Тејлор Кини (Taylor Kinney), кој на женската публика и е познат од видео-спотот на Лејди Гага „You and I“