Факултетот за ветеринарна медицина и Градот Скопје ја организираат манифестацијата „Денови на вашето милениче“, која што ќе се одржи во сабота (17 мај ), со почеток во 11 часот, во „Паркот за миленици“, во вториот дел од Градскиот парк.
Манифестацијта „Денови на вашето милениче“ се одржува по втор пат, во организација на Факултетот за ветеринарна медицина, а со сесрдна поддршка на град Скопје.
Целта на ова случување е да се промовира грижлив и одговорен однос кон домашните миленици. На настанот ќе присуствува и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.