Поезијата на Весна Ацевска во индиско списание

Во најновиот број на водечкото индиско електронско списание за поезија на англиски јазик, „Инчентин версис“, објавени се песни од македонска поетеса Весна Ацевска. Поезијата на Ацевска е објавена во рубриката „Истакнати поети“ и проследена е со опсежна био-библиографија.


Освен од нашата поетеса, во ноемврискиот број на списанието се објавени песни од еминентниот индиски поет Џајанта Махапатра, кому му е доделено признанието „Восхитувачки поет“ за исклучителен придонес во современата поезија, од пакистанската поетеса Кишвар Нахид, критички осврти за поетски книги од Сандра Фаулер и др.

Овој број на „Инчентин версис“ го уреди проф. д-р Сукрита Паул Кумар.

Весна Ацевска е позната македонска поетеса, прозаистка и преведувачка. Авторка е на шест поетски книги, а избори од нејзината поезија се преведени и објавени на повеќе јазици. Ги има добиено наградите „Браќа Миладиновци“, „Григор Прличев“ и др.

You May Also Like