Изложба на фотографии од Фото клубот Марибор во Кинотека на Македонија

Изложба на фотографии од Фото клубот Марибор, Словенија, чие отварање ќе биде на 3-ти мај 2012 (четврток) со почеток во 20:00 часот во Кинотеката на Македонија.

На изложбата насловена “Фотографи” ќе бидат претставени најдобрите остварувања на членовите од Фото клубот Марибор, еден од најстарите и највлијателните фото клубови во Словенија, а изложбата ќе ја отвори Амбасадорот на Р. Словенија г-динот Ален Брајан Бергант.

Фото клубот Елема од Скопје на 4-ти мај 2012 ќе се претстави со фотографии од своите членови во Универзитетската библиотека во Марибор. Тоа е голема чест за Елема, во годината кога слави 50 години од своето постоење, да се претстави во европскиот град на културата за 2012 – Марибор.

Изложбата е организирана од Фото клубот Елема – Скопје, во соработка со Словенечката амбасада во Скопје и со Кинотеката на Македонија, поддржана од Фото сојузот на Македонија.

You May Also Like