Претставата „Дежа ву“ во изведба на визуелниот театар на „Бодекер и Неандер“ од Берлин, Германија е добитник на Гранд при наградата на петтото јубилејно издание на фестивалот за пантомима и физички театар „Панфиз“. За наградата одлучуваше тричленото жири во состав: Ѕвезда Анѓеловска, актерка и режисерка, Дарко Велјиќ, актер и пантомимичар, како и драматургот Дарко Спасов.
Фестивалот „Панфиз“ заврши во саботата со изведба на претставата „Колекционер“ на гостите од „М студио“ театарот од Романија. Македонската публика во претходните денови имаше уникатна можност да ужива во пантомимите на легендарниот Авнер Ајзенберг со „Исклучоци на гравитацијата“, како и со претставата „Мимови во акција“ со гостите од Аргентина. Фестивалот беше одржан во копродукција меѓу независните театари „Страница“ и „Театар 007“ од Скопје, со поддршка на Министерството за култура, МНТ и Универзална сала.