Турнир во мал фудбал на медиумите во Македонија

Во спортската сала „Методија Андонов Ченто“, во населбата Маџари, денеска (недела, 16 декември, 2012 година) во 16:40 часот, се одржува Турнирот во мал фудбал на медиумите од Македонија.

 

Организатор е Спортското радио 90.3 фм, а под покровителство на Град Скопје, ќе се одигра ревијален натпревар помеѓу екипите на Град Скопје и екипата на Спортски легенди. Екипата на Спортски легенди е составена од македонски спортски легенди, како Манасков, Кочо Димитровски, Мутибариќ и многу други. Големото финале е закажано за  17:20 часот. На ревијалниот и финалниот натпревар ќе присуствува и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

Спортското радио 90.3 фм и годинава го организира турнирот во мал фудбал на медиумите од Македонија, кој што преставува единствена годишна спортска манифестација на која се дружат вработените од електронските и од печатени медиуми во нашава земја, а е замислен како забава, одмерување на спортските сили и сопствено претставување пред публиката. Организацијата на турнирот опфаќа неколку дела во чии рамки влегуваат и ревијалните средби на кои ќе се појават екипи составени од јавни личности кои не се директно инволвирани во спортските текови.

Распоред на натпревари на Турнирот:
САБОТА, 15 ДЕКЕМВРИ
12.00 МАКЕДОНСКО РАДИО – НОВА МАКЕДОНИЈА
12.40 РЕВИЈАЛНА (ДОКТОРИ – ПОЛИЦАЈЦИ)
13.20 РЕВИЈАЛНА (НОВИ ЛИСИЦИ – МАЏАРИ)
14.00 АЛФА – 24 ВЕСТИ
14.40  МТВ СПОРТСКА – МПМ
15.20 СИТЕЛ – ВЕЧЕР
16.00 РЕВИЈАЛНА (ОПШТИНА ГАЗИ БАБА – МВР)
16.40 1/4-ФИНАЛЕ (А1-В2)
17.20 1/4-ФИНАЛЕ (А2-В1)
18.00 РЕВИЈАЛНА (ПЕТЛИЊА)
18.40 1/4-ФИНАЛЕ (Б2-Г1)
19.20 1/4-ФИНАЛЕ (Б1-Г2)
20.00 РЕВИЈАЛНА (ВЕТЕРАНИ)

НЕДЕЛА, 16 ДЕКЕМВРИ
12.00 ПОЛУФИНАЛЕ (П1-П2)
12.40 РЕВИЈАЛНА (о.у. Н.Н. Борче – о.у. Вера Јоциќ)
13.20 РЕВИЈАЛНА (СЕПУГС В.А. ДРЕН – СУГС Г. ДИМИТРОВ)
14.00 ПОЛУФИНАЛЕ (П3-П4)
14.40 РЕВИЈАЛНА (ЕКСТРА ЕКСКЛУЗИВ – ТРОТОАР)
15.20 РЕВИЈАЛНА (МАНЕКЕНКИ – РАКОМЕТАРКИ)
16.00 РЕВИЈАЛНА (НОВИНАРКИ – ПЕЈАЧКИ)
16.40 РЕВИЈАЛНА (ГРАД СКОПЈЕ – СПОРТСКИ ЛЕГЕНДИ)

You May Also Like