Денот на музеите и локалитетите одбележан и во Битола

Националната установа Завод и Музеј-Битола со изложба на конзервирани фрески од опожарената црква „Св.Петка“ во селото Долно Егри го одбележа Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите, 18 Април, востановен во 1982 година во Тунис од Меѓународниот комитет за заштита на наследството од УНЕСКО.

zavod i muzej bitola

Црквата „Св.Петка“ беше опожарена на 14 август минатата година и притоа беа уништени 30-на икони и иконостасот кои датираат од 18 и 19 век, но и друг црковен инвентар, посочи Љиљана Христова, директорка на НУ Завод и Музеј-Битола.

– На јавноста и презентиравме 25 фрагменти од опожарената црква. Оштетените икони ги извадовме со цел да се конзервираат и да се реставрираат, а потоа повторно ќе ги вратиме назад во црквата. Тоа ќе биде направено кога ќе се консолидира архитектурата и ѕидовите во црквата со што повторно ќе се афирмира нашето многу значајно ѕидно сликарство од првата половина на 18. век. Македонските икони и фрески треба да се заштитат и обезбедат, а во соработка со МПЦ ќе креираме и други начини за посебна грижа кон нашето културно историско наследство, истакна Христова.

Директорката на НУ Завод и Музеј-Битола Христова потсети дека годинашните активности на музјот се совпаѓаат со темата „Наследство на сеќавањето“ што ја избра Меѓународниот совет на споменици и локалитети – ИКОМОС.

You May Also Like