Една од највлијателните светски музички икони, диско дивата најпозната по еден од најголемите хитови на сите времиња, ‘I Will Survive’, Глорија Гејнор ќе биде специјална гостинка на најдобриот европски фестивал!
Речиси четири децении на сцената, со дваесет објавени албуми, огромен број хитови и бројни најзначајни музички награди, милиони и милиони радиски емитувања и настапи на најважните светски настани, легендарната Глорија Гејнор со својот импресивен глас и моќна појава, на главната бина на ЕГЗИТ фестивал ќе одржи своевиден час по музичка историја! За нејзиното значење говори и фактот дека специјално за неа славните Греми награди ја креираа посебната категорија „Најдобра диско плоча“, што ја чини единствена добитничка на ова признание во историјата!
По одличното и сега веќе прочуено гостување на диско кралот Најл Роџерс во рамки на претходното издание на фестивалот, публиката на ЕГЗИТ ќе има прилика да ги чуе најголемите хитови на легендарната диско кралица, ‘Never Can Say Goodbye’, ‘Let Me Know (I Have A Right)’, ‘I Am What I Am’, но и најпознатата верзија на славната песна ‘Can’t Take My Eyes Off You’.
Раскошниот, препознатлив глас на познатата пејачка и воедно еден од најважните женски вокали на сите времиња, веќе речиси четири децении доминира на светската музичка сцена, уште од моментот кога нејзината верзија на ‘Never Can Say Goodbye’ во 1975. достигна прво место на тукушто основаната Билбордова листа на диско хитови.
Најголемиот хит на легендарната дива, ‘I Will Survive’, по 35 години и понатаму важи за една од најголемите песни на сите времиња и неофицијална химна на женската еманципација. Песната стигна до првото место на американската ‘Билборд хот 100’ листа во два наврати и обработена е повеќе од 200 пати. Во септември 2005. година американската пејачка и нејзиниот најголем хит ‘I Will Survive’ примени се во ‘Диско куќата на славните’, а една од најзначајните музички програми ’ВХ1’ и оддаде признание на оваа вонсериска уметница поставувајќи ја оваа песна на прво место на листата ‘100 најдобри денс изданија на сите времиња’. Пред две години, ‘I Will Survive’ беше одбрана како една од вкупно 25 песни примени во Греми куќата на славните!
Синглот ‘I Am What I Am’, кој достигна до топ 10 на Билбордовата листа на диско хитови, дополнително го зацврсти нејзиниот музички статус. За време на деведесеттите, диско дивата заплови и во актерските води, а со запазените ролји во популарните серии ‘That 70’s Show’ и ’Ally McBeal’, дополнително го покажа раскошот на својот талент, апсолутно брилирајќи и на Бродвеј во мјузиклот ‘Smokey Joe’s Café’.
’Мејн Стејџ’ на Егзит ќе го доживее своето најгламурозно издание до сега, а со својот магичен глас Кралицата ќе завладее на Тврдината. За сите вистински љубители на музиката ова е единствена прилика која не смее да се пропушти!
Петнаесеттото издание на најдобриот европски фестивал е во знак на големата осумдневна ЕГЗИТ АВАНТУРА која нè води на РОК@ЕГЗИТ фестивал на 11. јуни 2014. на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, на ЕГЗИТ фестивал, кој на истото место се одржува од 10. до 13. јули, како и на СИ ДЕНС фестивал од 15. до 17. јули на плажа Јаз, една од најубавите плажи на Јадран.
ЕГЗИТ годинава ја освои најпрестижната фестивалска награда, Најдобар европски фестивал, со помош на повеќе од 620.000 луѓе од целиот свет, во конкуренција од 360 фестивали од 34 земји.