Во изложбениот простор на културниот центарот “Le Мurate” во Фиренца на денеска (понеделник, 3 декември) во 19:00 ќе биде отворена изложба на Ели Аиноска Христовска, Билјана Ангелеска и Стевчо Наумоски .
Во Фиренца ќе бидат изложени дела од последните циклуси на тројцата уметници. Делата предходно беа изложени во Скопје . Иако станува збор за различен пристап на дејствуавање и реализирање на една идеја сепак разработотена е една тема која ја прикажува врската помеѓу природата и човекот .
Инаку „La Muerte“ во Фиренца е за комплекс кој во 15 век бил манастир посветен на св.Катерина и Благовештение , за потоа , речиси сто години, 1883-1985 да биде претворен во затворот. Денес е адаптиран и преуреден во културен центар со одличен галериски и сценски простор.