Симонида Филипова-Китановска изложува во КИЦ во Софија

Македонска ликовна уметничка Симонида Филипова – Китановска, ќе се претстави со своја самостојна изложба во Софија. Изложбата насловена како „Црн зачин, добар за око“, ќе биде поставена во галерискиот простор на Културно – информативниот центар на Република Македонија во Софија.

Симонида Филипова-Китановска изминативе неколку години остава силен и препознатлив белег на македонската и интернационална ликовна сцена, а нејзиното портфолио го обележуваат стотина самостојни изложби, учества на групни изложби и ликовни колонии, ширум Европа и САД.

Изложените дела во Културно-информативниот Центар на Република Македонија во Софија, заокружуваат два циклуса слики представени на самостојни изложби во последните година и половина,од нејзиниот творечки опус.

Симонида Филипова-Китановска, ќе се претстави пред софиската публика, во петок (17 Февруари 2012 година), со почеток во 18:30 часот, а изложбата ќе ја отвори директорот на КИЦ во Софија, г-дин Васко Шутаров.

You May Also Like