Репертоар во Кино Милениум (6-12 април 2012)

Тековен репертоар на Кино Милениум со важност од 06-04-2012 (петок) до 12-04-2012 (четврток). Термините за прикажување во кино Милениум се: понеделник – петок: 15:00, 17:30, 20:00, 22:30,  сабота – недела:   13:00, 15:00, 17:30, 20:00, 22:30.

РЕПРИЗНИ ПРИКАЖУВАЊА:

петок – четврток (06.04. – 12.04.)

15:00        ЏОН КАРТЕР (3Д)
17:30        ЏОН КАРТЕР (3Д)
20:00        СКОПЈЕ РЕМИКС
22:30        СКОПЈЕ РЕМИКС

сабота и недела  (07.04. и 08.04.)
13:00          МАПЕТИ

 

„ЏОН КАРТЕР“ (3Д)

Добитникот на наградата Оскар Ендрју Стентон ни носи извонредна акциска авантура која се одвива на мистериозната и егзотична планета Барсум (Марс).

Филмот Џон Картер се темели на романот на Едгар Бароус, чии идеи беа инспирација за многу филмаџии, како во минатото, така и во сегашноста. Главниот јунак во приказната е бившиот воен капетан Џон Картер (Тејлор Кич) кој што необјасниво е пренесен на Марс, каде што спротивно на неговата желба е вплеткан во судир од епски пропорции помеѓу локалните жители на планетата во кој се вклучени Тарс Таркас (Вилијам Дефо) и заробената принцеза Деја Торис (Лин Колинс). Во светот кој се наоѓа на работ на пропаста, Картер повторно ќе ја пронајде својата човечност откако ќе осознае дека судбината на Барсум и неговите жители лежат во неговите раце…

„МАПЕТИТЕ“

Мапетите пристигнаа во кино „Милениум“. Главните ликови на оваа нова авантура се Гери, Мери и Валтер, кои ќе мораат да ја соберат старата дружина на Мапетите – кои сега се пензионирани – за да го спасат телевизиското студио во кое некогаш се снимаше нивното шоу.

Главниот негативец е Текс Ричмен кој што сака да го уништи студиото, бидејќи под него се наоѓа големо наоѓалиште на нафта. Единствен за да се спречи Тексовото преземање на студиото е да се организира шоу за десет милиони гледачи… Ќе успеат ли Мапетите?

„Скопје ремикс“ “Skopje remixed”

Збир на уникатни приказни, мисли и визии за градот Скопје, виден низ индивидуалната призма на 10 млади македонски режисери кои го доживуваат градот на свој уникатен начин.

Преку овие приказни се прикажуваат напреднитеm тенденции и мисли за Скопје, зачинети со легенди кои му даваат посебност и уникатност на градот.

Главна движечка сила на овој филм е неуништливиот дух на Скопје. Иако Скопје нема свои супер херои какви што имаат Готам Сити (Бетмен) и Метрополис (Супермен), сите негови граѓани се всушност своевидни суперхерои. Наспроти сите економски и други ограничувања со кои се соочени послениве 15 години, тие секогаш успеваат да изнајдат начин да се забавуваат, да се вљубуваат, да искусат малку радост и среќа и да ја „изиграат“ наметната тмурна реалност.

You May Also Like