На покана на најстарата филмска школа на светот, ВГИК (основана во Москва 1919) и во организација на американскиот Стејт департмент и на американската амбасада во Москва, режисерот Милчо Манчевски гостува на единствениот Универзитет на филмски уметности на светот.
Државниот ВГИК има 2.000 студенти поделени во повеќе специјалности. На него студирале, меѓу другите, и Андреј Тарковски, Сергеј Бондарчук и Андреј Кончаловски.
После двонеделни подготовки, Манчевски почнува да работи со студенти по глума, а наскоро и да снима во Москва. На Универзитетот и во Американскиот кулурен центар во Москва се организирани и проекции на неговите филмови, разговор со академската публика, како и неколку работилници со студентите по камера, по глума и по режија. Проектот на Манчевски се состои во снимање во студијата на ВГИК и во Москва.
Ректорот на Универзитетот го прими Манчевски во официјална посета на почетокот на соработката (ВИДЕО ОД ПОСЕТАТА).