Трка „Ултра траил“ во Прилеп

Вчера во Прилеп започна трка долга 60 километри. На неа учествуваат 37 учесници од Австралија, САД, Италија, Шведска, Србија, Бугарија и од Македонија.

 

Првата трка во ултра планинско трчање е во организација  на Туристичката агенција „Брацо“ од Прилеп и на планинарското друштво „Макпетрол“ од Скопје.

Трката се вика „Ултра траил“ со висинска разлика од 2.700 метри, а втората од 33 километри е со висинска разлика од 1.150 метри. Најдолгата трка од 60 километри ќе се одвива од Прилеп, кон вештачкото езеро, Плетвар, селата Крстец, Оревоец, манастирот „Свети Ѓорѓија“, Дервен, селата Небрегово, Горно Село, кон Трескавец и завршува на Маркови Кули.

На програмата, денеска се третата трка на 18 километри од Прилеп до Трескавец, а целта е кај Слонот. Четвртата специјална трка за деца и ученици на 1.750 метри е со цел популаризација на планинското трчање кај најмладите.

Организаторите за резултатите на првата ултра планинска трка ќе ја известат Меѓународната асоцијација на тркачи на ултра дестинации. Тие изразија надеж дека Прилеп в година може да биде домаќин на една трка од меѓународниот календар на патека од 90 километри, што би се трчала и во ноќните часови.

You May Also Like