Изложба на Тања Балаќ во „Око“

Во галеријата „Око“, утре (понеделник, 15 октомври) во 20:00 часот, своите најнови дела ќе ги претстави академскиот сликар и актуелен претседател на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, Тања Балаќ.

Циклусот „Просторни дистанци“ опфаќа дваесеттина дела, работени во комбинирана техника, создадени во последните две години.

Со бдеењето на тишината над опсесивното присуство на дистанцата, Балаќ истовремено на набљудувачот му ја сугерира и му ја трансферира насладата од контемплативната и сетилна моќ на нејзиното поетско ониричко писмо“, меѓу другото вели Конча Пиркоска, историчар на уметност, автор на текстот во каталогот.

Оваа година се навршуваат 20 години од првата самостојна изложба на Тања Балаќ и нејзиното активно присуство на домашната и на меѓународната ликовна сцена.

You May Also Like