Промоцијата на новиот албум на раперот Tonyo San „Синтеза на ум и меч“ е закажана за следната сабота (20.10.2012) со почеток во 20:00 часот во МКЦ (Младинскиот културен центар), пред кино Фросина, во бифето. Влезот е бесплатен, а албумот ќе се продава по цена од 300 денари.
– На промоцијата ќе биде прикажана и видео проекција од сите досегашни спотови на Tonyo San по хронолошки тек, меѓу другото. За сите колекционери и љубители на магијата на оригинал ЦД-а со сите нишани, треба да имаат во предвид дека албумот нема да се продава во продавница. Продавниците и дистрибутерите до сега се покажаа како некоректни соработници (со чест на исклучоци), па ЦД-то ќе се продава само на промоцијата, како и на настапи и настани, затоа не ја пропустајте промоцијата. Плус омотот внатре е мини-стрип за добар вовед на албумот и неговата суштинска порака, се вели на официјалниот фејсбук профил на Tonyo San.
За фановите од другите градови што нема да бидат во можност да дојдат во Скопје, на почеток на на месец ноември доколку постои интерес, во план се промоции и низ другите градови.