Денеска (сабота, 13 октомври) на кејот на Вардар кај населбата Керамидница, се одржa „Трка за мир, соживот и толеранција“. Организатор е општината Гази Баба.
Општина Гази Баба, традиционално одржува крос и возење на ролерки, во кој учествуваат ученици од основните училишта од општината и од другите општини од градот Скопје, под името „Трка за мир, соживот и толеранција“.