Втор ден на Bus Fest

Денеска (сабота, 4 август) во Градскиот парк во Битола, во 21:00 часот продолжува 4-то издание на BUS Fest.

Вториот фестивалски ден е резервиран за настап на неколку диџеи како Wasrm Up DJ, T:ZOBE и други.
Синоќа битолската публиа имаше можност да ги проследи настапите на Стиховно Војување од Битола, Подземан Ефект од Куманово, Raw and Wicked од Скопје, Титаниум од Прилеп и Поетика од Битола.

BUS Fest веќе станува традиционален и има за цел обединување на хип хоп екипи, како и рок, поп, рап состави од различни градови, а од оваа година фестивалот е зачинет и со настапи на диџеи. Фестивалот се одржува во рамките на Битолското клултурно лето – Бит Фест.

You May Also Like