Семинар „Тренинг на мозок“ во Гевгелија

Во рамките на проектот финансиран од Европската Унија: „Програма за целосна социјализација на децата со посебни потреби во нивните заедници” кој го спроведуваат Фондацијата „Аполонија“ од Гевгелија и МНЗА „Македонското научно здружение за аутизам“ на 7 и 8 октомври во Гевгелија – хотел Аполонија, ќе се одржи семинар/работилница на тема:„Тренинг на мозок“,во светот на науката познат како „Brain Gym“.

mozok

“Тренинг на мозок“ е основнa сензорно-моторичкa програмa од едукациската кинезиологија, којa се состои од 26 активности, а спроведува преку активирање на три димензии на телото. Овој метод се темели на учење преку движење и се користи успешно во повеќе од 90 земји во светот, во институции како градинки, училишта, болници, центри за деца со посебни потреби, домови за стари лица. Нема определена старосна граница, а се применува и кај лица со потешкотии во развојот, со телесен инвалидитет, како и кај лица со епилепсија. Истовременото делување на мозокот и телото позитивно влијае на подобрувањето на:
• општата моторичка координација;
• вниманието, концентрацијата и помнењето;
• логичкотото мислење и разбирање;
• организациските вештини;
• емоционалната рамнотежа;
• читање, пишување, јазични и математички способности и спортски вештини; како и
• намалување на напнатоста и хиперактивноста.

Ова е деветти настан од серијата 11 семинари/работилници кои се дел од ЕУ-проектот посветени на прашањата поврзани со децата со посебни потреби.
Предавачи на овој семинар ќе бидат претставници на здружението „EDU MUVEO“ од Хрватска:
Кораљка Зепец – професор рехабилитатор и лиценциран инструктор за „Тренинг на мозок“ од Едукативната кинезиолошка фондација „Бреин џим интернешнал“ („Brain Gym Internation“), Вентура, Калифорнија, САД и
Хрвојка Форјан – професор рехабилитатор и асистент за „Тренинг за мозок“.

Овој проект е финансиран од Европската Унија преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права, со 77.000 евра.
Главната цел на проектот е да се зголеми социјалната интеграција и развојот на децата со посебни потреби во 4 општини од Југоисточниот регион: Гевгелија, Дојран, Валандово, и Богданци.

You May Also Like