Трибина за детска литература во КИЦ

Културно-информативниот центар (КИЦ) организира трибина на тема „Литературата за деца како медиум и нејзиното влијание врз децата од најмала возраст“.


– Целта на трибината е да го сврти вниманието на пошироката јавност и да ги слушне сите релевантни фактори од оваа област за состојбите, кризата и можностите за нејзино надминување, информира организаторот.

Воведни излагања ќе имаат писателите за деца Велко Неделковски и Горјан Петревски. Учество ќе земат актерите Изабела Новотни, Роберт Ристов, како и деца од Драмското студио на Детскиот креативен центар „Ѕвезда“.

На трибината ќе биде промовирано и второто проширено издание на збирката драмски игри за деца и млади „Немирни години“ на Татјана Гогоска.

You May Also Like