Денеска (2 февруари (недела) со почеток во 16:00 часот во Синеплекс ќе биде прикажан претпоследниот балет од сезоната на театарот Бољшој. Станува збор за директниот пренос на „Загубени илузии“ на Ратмански.
Базиран на новелата на францускиот поет Оноре де Балзак, балетот е извонредно привлечна приказна за страста, амбициите но и разочарувањата. „Загубени илузии“ е нов балет креиран во Москва во 2011 година од страна на кореографот Алексеј Ратмански со драматуршки осврт од францускиот актер, писател и режисер Гијом Галиен.