Изложба на фотографии „Прашина на полицата“ на Јасна Христовска во Галерија „Робевци“ – Охрид

Утре вечер, (петок, 20.4.2012 година) во Галерија „Робевци“ – Охрид со почеток во 20:00 часот, во организација на Центарот за културен проток „Артерија“, ќе биде отворена изложбата на фотографии „Прашина на полицата“ на охриѓанката Јасна Христовска.

“„Прашина на полицата“ претставува тенденција на авторката за комуникација со традицијата, со традиционалните елементи на оваа земја, народ, историја, особен вид на човеково постоење.. Сето ова станува дел од системот на овие дела,  изразено во различен вид и на различни нивоа во зависност од личното творечко разбирање. Но истовремено, преку ваквото насочување кон традицијата многу јасно е покажан и комплексниот однос кон времето во кое авторката живее и твори, може да се каже и стремеж да се најде одговор на некои од дилемите на современото битисување..”  – дел од критиката на Јане Бакрески.

Изложбата ќе биде отворена до 3-ти мај 2012.

You May Also Like