Промоција на македонските вински брендови во Канада

Во изминатите два дена во Отава и Монтреал, Канада, беа претставени дел од најреномираните македонски вински брендови. Вината на винарската визба „Езимит“ од Штип се пласираа во редовна продажба во најголемиот канадски ланец продавници за продажба на алкохол ЛСБО, а преку дегустација беа промовирани и вина од шест други винарски визби од Македонија.

 

Промоцијата на брендовите на винарската визба „Езимит“ –  Мерло, Розе и Шардоне, во Отава и Монтреал во организација на Македонската амбасада и компанијата увозник побуди голем интерес, како од страна на македонската заедница во Канада, така и од дипломатските и бизнис круговите во канадската престолнина.

Македонската амбасада во Отава организира и дегустација на македонски вина од различни винопроизводители, кои во рамките на соработката со Стопанската комора на Македонија и директно од произведувачите беа доставени во Канада. Во рамките на свечениот настан, канадската јавност имаше можност да ги запознае дел од македонските бели, црвени и розе вина од асортиманот на винарските визби „Стоби“, „Тиквеш“, „Сковин“, „Пивка“, „Повардарие“, „Имако“ и „Езимит“.

 

 

You May Also Like