Традиционално сечење на бадникови гранчиња

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска (23.12.2012 година, недела) присуствуваше на традиционалното сечење на бадникови гранчиња, кое се одржа во месноста Краста, на јужните падини на Водно.

Исечените бадникови гранчиња подоцна ќе бидат осветени и истите ќе бидат поделени на граѓаните на централното празнување на Бадник, на 6 јануари 2013 година, пред Соборниот храм.

На месноста Краста присуствуваа кумот за овогодинешната прослава, Даниел Воиновски – генерален директор на Еуроимпекс – Скопје, овогодинешните здравичари, Силвана и Влатко Плевнеш од Силви бенд, како и минатогодишните кумови Борче Петрушевски и Александар Пановски – Мац

Оваа прослава традиционално се одржува по 21-ти пат и истата е во организација на Здружението за традиционална прослава на Бадник.

You May Also Like