Денеска (понеделник, 24 декември 2012 година), во клуб-ресторанот на Младинскиот културен центар во Скопје ќе се одржи промоција на зборникот трудови Literary dislocation/ Deplacement litteraires во издание на Институтот за македонска литература.
Зборникот е резултат од IV. Меѓународен конгрес на европската мрежа за книжевни компаративни студии што се одржа од први до трети септември 2011 година, во Скопје и Охрид, во организација на Институт за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Друштвото за компаративна книжевност на Македонија и Европската мрежа за книжевни компаративни студии.
За зборникот ќе говори проф. д-р Иван Џепароски, а свое обраќање ќе има и директорката на Институтот за македонска литература проф. д-р Маја Јакимовска-Тошиќ.