Приказните на браќата Јакоб и Вилхем Грим, кои се едни од најомилените детски приказни на сите времиња, го прославија својот роденден. На 20 декември 1812 година, браќата го издале првиот зборник со волшебни приказни во Германија. Од тогаш историите за страшни, волшебни, бестрашни херои, започнуваат со „Имало едно време“… а со нив израснале поколенија деца во цел свет.
Првите варијанти на овие народни раскази и преданија, прераскажани од двата браќа, биле далеку од сегашните редакции на приказните. Тие дури не биле погодни за деца. Во нив имало многу насилство, зли сили и страв. Покасно тие биле редактирани и адаптирани во денешните детски варијанти.
Денес зборникот „Детски и семејни приказни“ со неговите 86 раскази, е стожер на литературата за деца. Помеѓу популарните приказни од зборникот се „Пепелашка“, „Црвенкапа“, „Рапунцел“, „Снежана и седумте џуџиња“… Книгата и приказните се преведени на повеќе од 160 јазици и вклучени се во УНЕСКО, како светско културно наследство.
Лазар Ѓорѓиевски