Изложба „Од животот на Ромите“ во галеријата „Ко-Ра”

Во галеријата „Ко-Ра” во Домот на културата „Коцо Рацин” во Скопје вечер ќе биде отворена изложба насловена „Од животот на Ромите“ …

dom na gradeznici ko ra
Во галеријата „Ко-Ра” во Домот на културата „Коцо Рацин” во Скопје вечер ќе биде отворена изложба насловена „Од животот на Ромите“ со дела на уметници инспирирани од културата на живеењето на ромската популација низ светот, од нивните обичаи, традиција, од танцот и музиката и од филмските остварувања поврзани со Ромите.

Ќе бидат претставени дела на Тони Шулајковски, Евгениј Пантев, Петра Јовановска, Мирослав-Мишо Вељковиќ, Гроздан Крстевски, Сашо Ацковски, Ленче Коцевска, Марија Светиева, Анета Ивановска Симјановска, Маја Николовска, Маја Танева…

Делата се работени во повеќе техники, како масло на платно, пастели, комбинирани техники, графика… Изложбата ќе биде отворена до 20-ти овој месец.

You May Also Like