Целосна обнова на фасадите на два објекта на булевар „Илинденска“

Почнаа конзерваторско-реставраторски интервенции на објектите со број „41“ и „63“ на булеварот „Илинденска“ во Скопје, кои претставуваат значајно културно наследство од почетокот на 20 век со архитектонско стилски вредности од раната модерна.

01 ilindenska 640

Санацијата на објектите ја почна НУ Конзерваторски центар-Скопје со финаниска поддршка на Министерството за култура, а се очекува да заврши до крајот на април. Годинава ќе почнат и конзерваторско-реставраторски интервенции на уште два објекта на булеварот со број „68“ и „80”.

Увид во одвивањето на интервенциите на објектите на „Илинденска“ денеска направи министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, која изјави дека проектот за обнова и конзервација на фасадите во значајните градски јадра во повеќе градови во државата успешно се реализира.

fasadi Ilindenska 3

fasadi Ilindenska 2

– НУ Конзерваторски центар ги има изработено проектите за сите четири фази. Во моментов се работи на две фази со број „41“ и со број „63“, каде што се избрани изведувачи. Се планира двете фасади да се завршат до крајот на април, потоа веднаш се објавува тендер бидејќи проектите за останатите две – фасадата на МЦM и уште една поголема фасада на тој дел од булеварот се готови од страна на институцијата. Сега ќе објават тендер за избор на изведувач, така што се планира и оваа година да се отпочне со останатите две фасади, истакна Канческа Милевска.

Со овие четири фасади, посочи министерката, се завршува овој појас на оваа споменична целина за оние објекти кои се влезени во ова старо градско јадро.

– Овие четири фасади се со еден автентичен архитектонски изглед од 20 век од рана модерна период, така што ќе се запази целокупниот автентичен изглед со цел да се врати ахитектурата на овие значајни фасади кои се влезени во споменичната целина, потенцира министерката Канческа Милевска.

fasadi ilindenska 1

Во проектот за обнова и конзервација на фасадите, појасни министерката, се влезени околу 270 фасади кои треба да се завршат до 2017 година. Информира дека досега се обновени голем број на фасади во Охрид, Гевгелија, Крушево, Кратово и Кичево.

– Согласно проектите на надлежните институции ќе се продолжи со истата динамика како и досега. На булеварот пет фасади се влезени во споменичната целина на Дебар Маало. Едната фасада е Домот на културата Пионерски дом, која е завршена. Останати се уште четири фасади, додаде Канческа Милевска.

Анета Таневска, дипломиран инжинер архитект, виш конзерватор во НУ Конзерваторски центар Скопје и раководител на проектот рече дека при изборот карактеристично е што одбрале објекти кои се најмногу се сочувани во нивниот автентичен изглед, немаат некои промени кои не можат да ги сметаат за дел од културното наследство.

– Имаат познати реномирани автори како проектанти, сите имаат одредени специфики како од страна на архитектонско стилски вредности, така имаат и голем удел во амбиенталната целина на целиот булевар. Мислам дека со оваа реализација целиот булевар „Илиденска“ ќе добие еден посебен изглед кој ќе зборува за културното наследство и во градот и тоа е карактерично и добро за државата, додаде Таневска.

You May Also Like