Традиционална крводарителска акција

Општинската организација на Црвен крст Центар и Институтот за трансфузиона медицина на РМ, по повод празникот Успение на Пресвета Богородица, на 28.08.2014 година, традиционално по дванаесетти пат организира крводарителска акција.

 

krvodaritelska_akcija_arm

Крводарителската акција ќе се спроведе во Домот на Армијата на Република Македонија, од 09,00 до 17,00 часот.

Целта на акцијата е да се обезбедат поголеми количини на крв во летниот период, заради можностите од недостаток на крв и крвни деривати.

Оваа акција веќе 11 години покажува резултати на голема хуманост на граѓаните на град Скопје.

Во 2003-та година кога за првпат беше организирана, бројката на крводарители беше 146, додека како резултат на нејзината традиција и препознатливост во 2013 година 313 граѓани ја покажаа својата хуманост со дарување на крв.

You May Also Like