Почина актерот Илко Стефановски

Денес, (вторник, 6 декември 2011 година) почина актерот на битолскиот народен театар –Илко Стефановски. Илко Стефановски беше роден во Битола 1952 година.

Во родниот град го завршува основното и средното образование . Факултетот драмски уметности, отсек актери во класата проф. Илија Џувалековски го завршува во 1976 во Скопје.

По дипломирањето се враќа во родниот град каде ја започнува својата актерска кариера. Уште од почетокот на кариерата се вброи меѓу најзабележителните актерски персоналности не само во својот матичен колектив, туку и во поширокиот театарски простор.

Тој знаеше да рече дека многу брзо стана еден од столбовите на својот матичен ансамбл , а може слободно да се каже и неодминлив за она што е евидентен квалитет во македонското актерско творештво, преку неговите гостувања во најразлични продукции,  каде не можеше да се замисли без ангажирањето на Илко Стефановски .

И не без причина нему му се доделуваа главните, стожерните, најсложените рољи, секогаш целосно оправдувајќи ја довербата на режисерите, управата на театарот и др.

Дури повеќе од тоа Илко Стефановски знаеше да ги надмине и најоптималните очекувања, да блесне и во најделикатните , најсложените сценски зафати, така што првите негови мошне впечатливи актерски остварувања го исфрлија во прв план како мерило за високи актерски проблесоци.

Неговите маестрално остварени ролји во претставите : „Свадбата на Мара“, „Пиреј“, „Лет во место“, „Време за пеење “,„ Бегалка“, „Југословенска антитеза“, „Патенталије и Тантелина“, „Вечерва Фалстаф“, „Хамлет“, „Сонот на летната ноќ“, „Чекајки го Годо“, „Пеш“ ,„ Натемаго на филозофскиот факултет“ и многу други, кој што му донесоа безброј награди , скоро на сите фестивали каде што гостуваше Народниот театар од  Битола . Како актер блесна со своите настапи во радио и телевизиски драми, драмски серии, како и уметнички програми.

Илко Стефановски се раководеше од сознанието дека се  она што се создава, мора да тргнува од врутоците на внатрешниот живот, од внатрешната драма на човекот.

Во 2003 година,  Илко Стефановски ја врши и функцијата на Селектор на Драмската програма на нај реномнираната летна уметничка манифестација во Македонија –„Охридско лето“ , учествувајќи и во проекти од неговата матична сцена, а добитник е  и на престижната Републичка  награда „11 Октомври“. Н

енадејната смрт, го затекна со недовршени ролји во неговите претстави кој што се на репертоарот на Народниот театар Битола.

Погребот на Илко Стефановски ќе се изврши утре , (среда, 7 –ми декември 2011 година) со почеток во 12. 00 часот во Свето Неделските гробишта , а комеморацијата во Театарот ќе биде во 10:30 часот.

You May Also Like